Етикети

, , , ,

korica_mk

Към документа

За тема на овој труд се одбрани географските имиња на една определена територија, поточно топонимите, микротопонимите и ојконимите во Општина Желино. Анализирајќи ги топонимите, микротопонимите и ојконимите во овие краишта се доаѓа до заклучок дека тие главно потекнуваат од словенските јазици, турскиот јазик, албанскиот јазик. Бидејќи за оваа проблематика во овие краишта има многу малку направено од научен аспект и нема речиси ништо напишано, спроведовме теренски истражувања и ги посетивме сите села од оваа област за да разговараме со постари луѓе со цел да дојдеме до автентични извори за оваа проблематика. Вообичаена практика во ваквите истражувања е соговорниците да бидат на постара возраст, па нашите соговорници се постари луѓе и тоа од 70 до 90 години.