Етикети

, , , ,

Во овој реферат ке се обидеме да ги детектираме најчестите антонимиски парови во топонимијата, најмногу застапени кај двослож-ните топоними кои се рамни на именски групи т.е. состави од придавка и именка. Носители на антонимноста во ваквите состави најчесто се недери-вираните придавки, кои се јавуваат како атрибути на именката. Нашето внимание, исто така, ке биде насочено и кон тоа кои именки најчесто се јавуваат како центри на именската група во рамките на еден антонимиски пар. На пр: Горно Маало : Долно Маало; Добра Страна : Зла Страна; Црн Камен : Бел Камен итн. Покрај ова ке бидат разгледани и оние антонимии парови кои од аголот на синхронијата не ги доживуваме како антоними, зашто едниот елемент во парот има непровирна семантика. Сп. Белица : Дрембица; Крпица (: кгрръ ‘кус’) : Долгавец итн.